Седница во СЗО поради ширењето на новите видови на коронавирус

Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) својата советодавна седница ќе ја одржи денеска, две недели порано од планираното, поради брзото распространување на позаразни варијанти на коронавирусот, соопшти СЗО.

Во изминатите недели се откриени две мутации на вирусот во Велика Британија и во Јужна Африка, кои се значително повеќе преносливи од досегашните форми на вирусот, а во меѓувреме овие мутации се докажани во околу 50 држави во светот. Во неделата Јапонија соопшти за откривање на уште една мутација, која веројатно потекнува од бразилската Амазонска област и која моментно се испитува.


Заменик директорот на СЗО, Мајк Рајан, изјави дека втората година на пандемијата може да биде потешка од претходната и како причина наведе одделни аспекти на ширењето на коронавирусот.