Македонија ќе игра на Светското ракометно првенство 2021

Архивска фотографија - Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва потврди дека македонската репрезентација ќе настапи на Светското првенство што утре започнува во Египет, откако претходно денеска Чешка го откажа настапот поради коронавирус во своите редови.

„Македонија ќе ја замени Чешка на 27то Светско првенство откако по неколкуте позитивни резултати од ковид-19 тестовите пред патувањето за Египет, Чешка го откажа настапот“, објави ИХВ.

Ракометарите од македонската репрезентација ќе играат во Г-групата заедно со домаќинот Египет, со Чиле и со репрезентацијата на Шведска. Македонија најпрво ќе игра против Шведска на 14 јануари, по што следи меч против Египет на 16 јануари и Чиле на 18 јануари.