Исамедин Азизи нов член на историската комисија за Бугарија

Билатерална мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија

Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја е именуван за нов член во Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Тој ќе им се приклучи на досегашните членови на комисијата со која oд македонска страна претседава академик д-р Драги Ѓорѓиев, член на МАНУ и професор на Институтот за национална историја (ИНИ) на УКИМ.

Во комисијата од македонска страна членуваат и професорите од ИНИ – Ванчо Ѓорѓиев, Петар Тодоров, Дарко Стојанов, потоа историчарот Александар Литовски од Националната установа Завод и музеј – Битола, професорката Љубица Спасовска, научен соработник на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија и Љупчо Ристески – антрополог, професор на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ.

Одржлива ли е позицијата- идентитетските теми се на маса, но не се преговара?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ Канал 5 во октомври лани рече дека инсистира во Комисијата да има и член Албанец наведувајки дека "ова е заедничка битка".