Поранешната министерка Јанкулоска сведочеше за „27 април“

Архивска фотографија - Гордана Јанкулоска во суд за случајот Таргет - Тврдина

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, денеска сведочеше во случајот за „организаторите на упадот во Собранието на 27-ми април 2017 година“. Таа рече дека одлуки на органи на партијата поврзани со протестите не ѝ се познати.

“Не ми се познати такви одлуки кога јас сум присуствувала на седниците, а од записниците не сум забележала таква одлука”, потенцираше Јанкуловска.

Таа додаде дека партијата формално никогаш не се изјаснила и немала став по однос на протестите, но рече дека знаеле заеднички во партија да гледаат вести и да ги коментираат изјавите на поединци.

Во случајот обвинети поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.