Тим на СЗО од четврток во мисија во Кина за потеклото на Ковид-19

Тим составен од експерти на Светската здравствена организација (СЗО), кој треба да го истражи потеклото на коронавирусот, ќе ја започне својата мисија во Кина в четврток, соопшти кинеското министерство за здравство.

„По разговорите, тимот на експерти на СЗО доаѓа во Кина на 14 јануари. Со кинеските научници ќе спроведат заедничко истражување за потеклото на Ковид-19“, се наведува во соопштението.

Пекинг не соопшти детали за посетата, но се очекува членовите на тимот да бидат во карантин по доаѓањето во Кина.

Експертскиот тим на СЗО во минатата недела беше оневозможен да влезе во Кина, поради, како што беше речено, проблеми со визите за двајца членови на тимот.