Штрајк на полицијата во Словенија

Илустрација, словенечки полицајци на терен

Словенечката полиција денеска почнува таканаречен „бел“ штрајк, што може да влијае врз сообраќајот на граничните премини со Хрватска, соопшти вчера Полицискиот синдикат на Словенија.

Синдикалците се незадоволни затоа што не бил реализиран договорот со поранешната влада, според кој на некои категории полицајци требало да им се зголемат платите.

Тие тврдат дека сегашната влада го поништила тој договор со закон донесен во септември, без консултација со синдикатот.