Десетици активисти приведени на парламентарните избори во Казахстан

Избори во Казахстан.

Десетици активисти се приведени за време на гласањето на парламентарните избори во Казахстан. Има извештаи за забрана или пак за задржување на независни набљудувачи да пристапат до местата на гласање.

И покрај повиците на критичарите на власта да се бојкотираат изборите, во земјата се одвива гласањето.

Има пријава и дека интернетот во главниот град бил блокиран, додека имало протест на опозициска партија. Полицијата ги опколила демонстрантите и привела повеќе од десетина лица на тој настан. А неколку активисти биле приведени од нивните домови. Централната изборна комисија на земјата соопшти 58 проценти од гласачите гласале до 18:00 часот по локално време.

Се очекува владејачката партија Нур Отан на поранешниот авторитарен претседател Нурсултан Назарбаев да ја задржи власта и да остане доминантна во долниот дом на Прламентот. Освен Нур Отан на изборите учествуваат уште четири политички партии лојални на владата.

Недостатокот на конкуренција на изборите ги уништи надежите на западните партнери на земјата кои се надеваа на длабоки политички реформи.

Изборите во Казахстан се први по оставката на Нурсултан Назарбаев, кој владееше со нацијата три децении пред да се повлече од функцијата во март 2019 во корист на неговиот избран наследник Касим-Жомарт Токаев.

И покрај повлекувањето, Назарбаев има огромно влијание во политиката во земјата.


На неколку известувачи на Казахстанскиот сервис на РСЕ им било забрането да бидат на избирачките места, а еден бил и физички отстратен од гласачко место во Алмати.