Изгубен контакт со патнички авион во Индонезија

Архивска фотографија.

Во Индонезија изгубен е контакт со патнички авион во кој имало 62 лица, откако авионот полетал од главниот град Џакарата, соопштија тамошните власти. Авионот Боинг 737-500 на авиокомпанијата Сривиџаја ер изгубил контакт со контролата на летање на патот за Понтијанак во првинцијата Западен Калимантан.

Авиокомпанијата во соопштение наведе дека во авионот имало 56 патници и шест членови на екипажот. Од авиокомпанијата додаваат дека летот требало да трае околу 90 минути од главниот град на Индонезија, Џакарта до главниот град на провинцијата Западен Калимантан на индонезискиот остров Борнео.

Авионот полетал од Џакарта во 13 и 56 по локално време, а во 14 и 40 е изгубен контактот со контролата на летање.

Службите трагаат по авионот, велат официјалните лица.