Во Словенија над 2.000 нови заразени со ковид-19

Тестирање за ковид во Љубљана.

Во изминатите 24 часа во Словенија се регистрирани 2045 новозаразени со ковид-19 од направени 14.718 тестови. Од последици од коронавирусот починале 25 лица.

Хоспитализирани се 1.160 пациенти со ковид-19, од кои 191 пациент е на интензивна нега, соопштија словенечките власти.