Времето денеска: претежно облачно со врнежи од дожд

Ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 3 до 15 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 10 степени.