Православните христијани го слават Бадник

Православните христијански верници го слават Бадник

Православните христијански верници во државава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Оваа година поради пандемијата ќе изостане вообичаеното масовно одбележување пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Одборот за прослава на Бадник, најави дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки и протоколи. Нема да има делење на бадникови гранчиња во дворот на Соборниот храм „Климент Охридски“ во Скопје, туку на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата.

Пандемијата влијаеше врз божиќните прослави


Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека е забранета организација и одржување на прослави на јавни места и површини, како и организација и одржување каков било друг тип прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година. Од МВР информираат дека оваа забрана е согласно мерките за заштита на здравјето на населението од ковид-19.