Хидрантите во „Глобал“ биле неупотребливи

Macedonia the fire in the shopping center "Global" in Strumica has been extinguished

Екипа од пожарникари влегува во ТЦ „Глобал“ од кај гаражите барајки ги хидрантите и се утврдува дека тие се неупотребливи, пишува во извештајот на ТППЕ Струмица за текот и гаснењето на пожарот, кој е објавен на нивната официјална фејсбук страница. Се дополнува дека поради неупотребливоста на хидрантите противпожарните возила морале да ротираат кон базата за полнење вода и оти со тоа се губи драгоцено време и енергија

Наводите во извештајот ги потврди и командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев, кој вели дека објавениот извештај дава реална слика за избувнувањето на пожарот и текот на гаснењето.

Злобни и сочуствителни за пожарот во Глобал

Пожарот во „Глобал“ избвувна ноќта на 2 овој месец, а е пријавен во 23:12 часот.

Гаснењето на големиот пожар во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, траеше скоро 5 часови, а во борбата со огнената стихија учествуваа вкупно 61 пожарникари со 18 возила. Пожарот е изгаснат изутрината во 3:50 часот.