За 24 часа во Македонија 292 пријави за неносење заштитна маска

Илустрација - Граѓанин со заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, регистрирани се 292 прекршувања на мерката за носење заштитна маска, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството и денеска апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Казната за непочитување на оваа мерка изнесува 20 евра.