Шефот на ЕУ Мишел во Португалија

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел е во посета на Португалија, која од први јануари го презеде шестмесечното претседателство со Европската унија. Тој за време на посетата ќе разговара со португалскиот премиер Антонио Кошта. Климатската и дигитална транзиција и засилување на стратешката автономија на ЕУ се приоритети кои Лисабон ги зацрта во својата агенда, со напомена дека доаѓа време за реализација на сите „револуционерни одлуки“ донесени во текот на германското претседавање.

Османи: Португалија да продолжи каде што застана Германија

Португалија по четврти пат е на оваа функција, втор пат во формација т.н. „петседателско трио“ кои ја сочинуваат уште и Германија како претходник и Словенија како следбеник. Во Лисабон нагласуваат дека следниот период ќе биде одбележан како почетокот на примена на пакет за заздравување на ЕУ по кризата со пандемијата на ковид-19.