Иранската војска на вежби за обука со беспилотни летала

илустрација

Иранската армија објави дека од денеска во централниот дел на земјата ќе спроведе вежби за обука со беспилотни летала кои вклучуваат повеќе гранки на армијата, пренесе новинската агенција Ирна. Дводневната вежба треба да вклучува „неколку стотици оперативни беспилотни летала на вооружените сили на копно, воздухопловство и морнарица во провинцијата Семнан и во други области“ на земјата.

Иран продолжи со збогатувањето ураниум

Беспилотни летала од иранско производство треба да извршат симулации со краток и долг дострел на „борба, надзор, извидување и информациска војна“, додава иранската агенција. Иранската војска исто така планира да ги покаже своите достигнувања во дизајнирањето беспилотни летала на презентацијата на која ќе учествуваат високи воени претставници.