Германија ги продолжува мерките против ковид-19

чекање ред за вакцинација против ковид-19 во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските сојузни држави денеска треба да разговараат за можно продолжување на мерките против ковид-19 по 10 јануари. Германската влада и 16-те сојузни држави, како што објави весникот Билд се согласиле да го продолжат заклучувањето до 31 јануари за да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирусот. Германија беше поуспешна од многу европски земји во одржувањето на коронавирусот под контрола во првиот бран, но тоа се промени со вториот бран.

Една година од пријавата на Кина за појавата на ковид-19

Земјата воведе втора строга блокада на 16 декември, односно ги затвори училиштата, продавниците и рестораните откако делумното заклучување воведено на почетокот на ноември не донесе надеж за намалување на новите инфекции. Бројот на потврдени случаи со коронавирус само за еден ден се зголеми за 9.847 на 1.775.513, покажаа податоците на Институтот Роберт Кох. Пријавениот број на починати се зголеми за 302 на 34.574. Германија во просек имала 140 нови инфекции на 100.000 луѓе во изминатите седум дена.