Нови 106 заразени со Ковид19, 20 починати

Ковид-19 центар во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирања, а регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје-72, а нови случаи има и во Куманово-4, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.
Починати се 20 лица, сите во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047.