Епидемијата во Британија се засилува, премиерот бара децата да се вратат на училиште

Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон денсека изјави дека мерките против ширењето на коронавирусот „веројатно ќе се засилат“ за да се сузбие засилувањето на епидемијата, но и покрај тоа ги повика родителите утре да ги пуштат децата на училиште, велејќи дека училиштата несомнено се безбедни.

Вчера во Велика Британија беа пријавени нови 57.725 случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд, а владата е под притисок на синдикатите сите училишта во Англија да останат затворени и да се премине на онлајн настава.

Сепак, владата одлучи само училиштата во Лондон да останат затворени.
Џонсон за Би би си рече дека во наредните недели во некои делови од земјата ќе бидат неопходни построги мерки, меѓу кои и затворање на училиштата, „иако не го сакаме тоа“.

Тој рече дека владата прави „сè што е потребно за уништување на вирусот“, но предупреди дека доаѓа тежок период.

Тој рече дека масовната вакцинација е излезе и оти се надева дека „десетици милиони“ граѓани ќе се вакцинираат во наредните три месеци.
Британија се бори со огромен пораст на бројот на новозаболени, што е последица на новиот сој на коронавирус, кој, според научниците, се пренесува 70 отсто побрзо од претходниот.