Казнети 537 граѓани за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, казнети се 537 граѓани за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полиција апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Носењето маска и во затворен јавен простор и на отворено е дел од мерките за справување со ковид-19.