Иран погуби тројца луѓе со бесење

Во Иран се погубени тројца луѓе со бесење. Двајца од нив се погубени поради „терористички акти“, а третиот за убиство и вооружен грабеж, соопштија тамошните судски власти. Тројцата беа погубени во раните утрински часови на 3 јануари во југоисточната провинција Систан-Балучистан.

Двајцата осудени за терористички акти, беа уапсени во април 2014 година, а кај нив беше откриени и голема количина експлозив и оружје, се вели во извештајот. Двојката беше осудена за киднапирање, бомбашки напад, убиство на безбедносни сили и цивили и за соработка со сунитската муслиманска екстремистичка група „Армија на правдата“, објавија иранските медиуми. Третиот погубен човек беше осуден за вооружен грабеж и убиство на цивили.

Иран е една од водечките земји во светот по извршување на смртни казни. Амнести Интернешнл во април соопшти дека најмалку 251 лице биле егзекутирани од иранските власти во 2019 година. Иран, исто така, е меѓу водечките земји по погубување на малолетни престапници.