Намален за речиси 5 проценти бројот на работниците во индустријата

Работници во индустрија

Бројот на работници во индустријата во ноември е намален за 4,2 проценти во споредба на истиот месец лани, а за 4,7 проценти во периодот јануари-ноември во однос на истиот период лани. Најголем пад има во секторот- преработувачка индустрија за 4,5 проценти, по што следува рударство и вадење на камен со 1,8 проценти намалување и снабдување со електрична енергија, гас и климатизација каде штп процентот на намален број на работници изнесува 1,6 проценти.