Нов Зеланд и Австралија ја дочекаа новата 2021 година

Австралија и традиционалниот огномет

Новата 2021 година први ја дочеаат жителите на островите Самоа и Кирибати без огномет и затворени за туристи. Веднаш по нив беа жителите на Нов Зеланд, со традиционален огномет. Нов Зеланд слави на вообичаениот начин, бидејќи земјата се справи со коронавирусот, па луѓето се поопшуштени и имаат дозвола од властите да се групираат.

Новата 2021 година пристигна и во поголемиот дел на Австралија, а најголемиот дел од граѓаните ја дочекаа во своите домови, пиејќи коктели, гледајќи телевизија или играјќи видео игри, наведува Сиднеј морнинг Хералд.