Десетици приведени во Пакистан по напад на хинду-храм

Илустрација, архивска фотографија

Пакистанските власти соопштија дека најмалку 30 луѓе се приведени откако толпа од стотици демонстранти нападала и запалила неколку вековно старо хунду светилиште. Локалната полиција соопшти дека во текот на денешниот ден се спроведени рации за апсење по вчерашниот напад кој се случи во областа Карак во северозападниот дел на провинцијата. Меѓу приведените е и лидерот на исмалистичката партија Рахмат Салам Хатак.
Инцидентот предизвика осуда од хинду заедница во земјата со муслиманско мнозинство, како и од активисти за човекови права и функционери.

„ Ова е варварски начин за справување со малцинствата, шокирани сме и повредени, инцидентот предизвика бран на несигурност во хинду заедницата“ изјави водачот на локалната заедница Харун Сарбдијал.

Шефот на окружната полиција соопшти дека инцидентот бил поттикнат од локалните муслимански свештеници кои ја поттикнале толпата од илјада луѓе да го уништат храмот, откако една куќа во населбата била купена од припадници на хинду заедницата.

Во последниве неколку години 8 милионската пакистанска хинду заедница стана цел на зголемено верско насилство. Поголемиот дел од хиндусите во земјава се наоѓаат во јужната провинција Синф , во близина на границите со Индија.