Експлозија на бомба во Кабул рани висок функционер

Расчистување по експлозијата во Кабул

При експлозија на бомба загина возачот на автомобил од Канцеларијата на авганистанскиот претседател, а ранет е висок функционер кој бил во автомобилот, соопштија авганистанските надлежни. Во тешка клиничка состојба се наоѓа е Јавид Вали кој работи како заменик директор секторот за советодавни работи во Канцеларијата на претседателот. Полицијата соопшти бомбата била поставена во внатрешноста на автомобилот.

Полицијата првично изјави дека три лица се ранети при експлозијата. Ниту една група не ја презеде веднаш одговорноста за нападот што се случи. Во последните месеци се почесто нападите се насочени кон државни службеници, новинари, свештенции, политичари и активисти за човекови права.
Во Авганистан се зголеми насилството и покрај текоовните преговори на владините преговарачи и Талибанци во Катар, чија цел е да се стави крај на децениската војна.