Македонија е финансиски стабилна, тврди премиерот Заев

Архивска фотографија - Премиерот Зоран Заев во Собрание на седница за пратенички прашања

Државата е солвентна и финансиска ликвидна и е подготвена и понатаму да развива мерки за граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев на собраниската седница, начиј дневен ред беа пратеничките прашања.

Во одговорот на пратеничко прашање од опозицијата „дека има дупка во буџетот од околу една милијарда и 600 милиони евра“, Заев одговори дека наплатата на трите основни даноци е поголема и оти редовно се сервисираат сите обврски од Буџетот, кој е во добра кондиција.

„Финансиската состојба во државата е стабилна“, потенцираше денеска премиерот Заев од собраниската говорница.