Во скопските болници има 391 ковид пациент и 115 слободни места

Илустрација - Ковид-19 центар во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што сега вкупно 391 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МЗ).

„Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 115 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, соопшти Министерството за здравство.