За 24 часа во Македонија казнети 563 лица за неносење маска

Илустрација - Полиција контролира дали се почитува мерката за носење заштитни маски за лице, Скопје декември 2020

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, регистрирани се 563 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Казната за непочитување на овие мерки изнсува 20 евра.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека ширењето на коронавирусот се намалува и дека во болниците има помалку пациенти поради ковид-19, но дека ако не се почитуваат мерките за време на претстојните празници, можен е нов мини пик на пандемијата.