Грција ги продолжи предвремените отплати на долгот кон ММФ

Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон

Грција започна постапка за враќање на 3,6 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд, изјави министерот за финансии Христос Стаикурас. Тој додаде дека станува збор за предвремена отплата на заемите чиј рок на исплата истекува во 2021 и 2022 година. На тој начин, Грција отплати делови од долгот кон ММФ во ноември 2019 година. Со најавената нова отплата Грција ќе врати вкупно 80 проценти од заемите на ММФ, односно 6,3 милијарди евра.

Грчката граница затворена до 7 јануари, освен за членки на ЕУ

Пред скоро две години, Грција се повлече од осум годишните меѓународни програми за помош при што направи големи намалувања на трошоците и ги зголеми даноците со цел да ги исполни критериумите за добивање заеми. Нејзината финансиска криза доведе до огромна стапка на невработеност, и нагло опаѓање на економската активност.