Папата Франциск: 2021, година на семејството

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, изјави дека следната 2021 година ќе биде Година на семејството, посветена на местото на семејството во Црквата, бракот и тешкотиите во брачниот живот. Годината на семејството ќе започне на Денот на Свети Јосиф, 19 март 2021 година и ќе заврши на 26 јуни 2022 година, за време на Десеттиот светски состанок аа семејството закажан во Рим. Франциск ги повика семејствата да дадат поголем „приоритет на простувањето отколку раздорот“ и додаде дека во семејството има три зборови што треба да се чуваат и негуваат, а тоа се - ве молам, благодарам и извинете.

Папата ги повика политичарите и компаниите: Мора да има вакцини за сите

За време на годината на семејството, ќе се работи за да им се помогне на паровите да ги едуцираат своите деца и да ја подигнат свеста за „убавината, но и тешкотиите во семејниот живот“ со цел да им помогнат на семејствата во криза. Папата им оддаде почит на медицинските работници и семејствата кои изгубија член за време на епидемијата.