Идентификуван бомбашот во Нешвил, загинал во експлозијата

По експлозијата во Нешвил, САД

Американските власти го идентификуваа човекот за кој велат дека е одговорен за експлозијата што го потресе центарот на Нешвил во американската држава Тенеси на Божиќното утро. Истражителите го идентификувале мажот како Ентони Квин Ворнер (63) и наведоа дека тој загинал во експлозијата. Тие користеле ДНК за да утврдат дека остатоците пронајдени на местото на експлозијата му припаѓаат на Ворнер. ФБИ соопшти дека исто така се поклопува идентификацискиот број на возилото поврзано со експлозијата со регистрацијата што му припаѓа на Ворнер. Се верува дека тој дејствувал сам, но сè уште не е познат мотивот за нападот.

Експлозија на божиќно утро во Тенеси

На прашањето дали истражителите ја сметаат експлозијата за домашен тероризам, специјалниот агент на ФБИ, Даглас Корнески, рече: „Не можам да коментирам во овој момент“. Во експлозијата беа повредени три лица и уништини згради во градот познат како главен град на кантри музика во САД. Луѓето кои беа повредени се во стабилна состојба.