Најавен протестен митинг во Подгорица

Подгорица, Црна Гора, декември 2020.

Вршителот на должноста директор на полициската управа на Црна Гора Веско Дамјановиќ, по повод најавата за денешниот протест пред парламентот на Црна Гора, рече дека полицијата ќе постапи во согласност со своите овластувања за секој што го крши законот. „Ја следиме ситуацијата. Досега немаме официјално пријавување за одржување на собирот. Не очекувам поголем собир, но ќе ги интензивираме активностите", рече Дамјановиќ. На социјалните мрежи кружат покани за собир во 12 часот пред парламентот во знак на протест против усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповед. Не се знае точно кој стои зад организацијата на собирот.

Црна Гора - Марковиќ му ја предаде должноста на Кривокапиќ

Со измените и дополнувањата на законот се укинуваат членовите кои беа спорни за Српската православна црква и поради кои беа организирани повеќемесечни судски спорови. Најавено е дека тие ќе бидат донесени до крајот на годината. Со измените и дополнувањата на законот се елиминираат сите членови што се однесуваат на промената на статусот на имотот и тој останува во сопственост на Српската православна црква. Опозиционите партии, токму оние што беа на власт кога беше донесен Законот за слобода на вероисповед, остро ги критикуваат измените и дополнувањата на истиот Закон на сегашната Влада, карактеризирајќи ги како антидржавни и донесени во интерес на Српската православна црква.