Нови 296 заболени од ковид-19 и 18 починати

Клиника за инфективни болести во Скопје

Во изминатово деноноќие се регистрирани 296 нови случаи на ковид-19 од направени 1253 тестирања. Починати се 18 лица од кои најмладиот имал 52 години од Гостивар додека најстарите имале по 82 години, едниот од Штип а другиот од Кичево. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 511 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 393.629 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81721, бројката на оздравени пациенти е 59231, на починати е 2445, а бројот на активни случаи изнесува 20045.