Се урна пакистански хеликоптер, загина 4 војници

Илустрација, архивска фотографија

Пакистански воен хеликоптер се урна во близина на кинеската граница при што загина екипажот сочинет од четворица пакистански војници. Хеликоптерот беше дел од мисијата за подигнување на телото на починат војник кој претходно загина при несреќа во регионот Гиглт Балтистан.

Во изминатава година се урнаа вкупно седум хеликоптери и авиони кои се дел од пакистанското воздухопловство. Во февруари, авион Мираж се урна за време на тренинг мисијата во Пенџаб. Во март, се урна Ф-16 кај Исламабад за време на пробите за воената парада при што загина пилотот. Во април, пак, двајца пилоти загинаа кога се урна армиски авион во провинцијата Пенџаб.