Вкупно 426 хоспитализирани од ковид-19 во скопските клиники

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Во изминатово деноноќие во скопските ковид центри се хоспитализирани нови 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.