Притворен Македонец во Бугарија поради шверц на 33 килограми канабис

Над 33 килограми канабис вреден 69 илјади евра македонски државјанин се обидел да прошверцува во Бугарија. Бугарски царинци, како што пренесува БТА, стопирале автомобил марка „киа“ со македонски регистарски таблички на граничниот премин меѓу двете земји на 23 декември. При контролата пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта. 58 годишниот возач кој патувал сам, преку Бугарија до Турција денеска од судот добил мерка притвор.