Во Словенија влез само со ПСР од ЕУ

За влез во Словенија ќе биде потребен негативен ПСР тест направен во институции само во земја членка на ЕУ и не постар од 24 часа, што значи дека граѓаните кои ќе се тестираат во Србија, Северна Македонија, Бих или Црна Гора, Албанија и Косово, нема да важат. Оваа одлука на Владата на Словенија стапува на сила денеска. Тоа ќе значи дека граѓаните од Западен Балкан доколку сакаат да влезат во Словенија ќе мора да се согласат на карантин.
Со одлуката се предвидува дека влез во Словенија од земјите на црвената листа, без упатување дома во карантин или без приложување негативен ПЦР тест е дозволен само за седум исклучоци. Тоа се лицата кои се вработени во една од земјите-членки на ЕУ или друга земја од шенген зоната, за што имаат доказ, како и лица кои превезуваат стока во Словенија или од Словенија и ја напуштаат Словенија во рок од осум часа по преминувањето на границата.

Исто така, иземени се лица што патуваат транзитно низ Словенија и ја напуштаат не подоцна од шест часа по влегувањето, претставници на странски безбедносни органи, кои извршуваат службена задача и ја напуштаат Словенија што е можно поскоро по извршување на задачата, лица кои се донесени во Словенија со брза помош и медицинската придружба во тоа возило, како и лица со дипломатски пасош.