Русија одобри вакцинирање на постари лица

Илустрација


Руското министерство за здравство ја одобри упортребата на вакцината Спутник V против ковид 19 во земјата за употреба на граѓани постари од 60 години. Министерот за здравство Михаил Мурашко денеска истакна дка вакцината е одобрена за употреба на сите граѓани постари од 18 години.

Претходно, постарите луѓе кои формираа особено ранлива група беа исклучени од масовната програма за вакцинирање на нацијата.

Мурашко изјави дека испитувањата до сега покажале дека вакцината е безбедна за употреба на оваа група. Тој додаде дека во програмата за вакцинирање ќе бидат вклучени и постарите лица. Според официјалните податоци на руската влада во земјата има речиси 3 милиони евидентирани случаи на заразени со ковид-19 и над 53 илјади смртни случаи поради компликации предизвикани од вирусот од почетокот на пандемијата.