Бајден до Заев: Очекувам интензивна соработка

Премиерот Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод изборот на Бајден за претседател на САД, информира македонската владина прес-служба.

Во писмото е наведено дека Бајден стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка, се вели во соопштението од Владата.

Меѓу другото, во писмото е наведено новоизбраниот претседател на САД, Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа.