Јапонскиот државен секретар за одбрана побара Бајден да го поддржи Тајван

Џо Бајден

Јапонскиот државен секретар за одбрана Јасухиде Накајама го повика новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да му даде силна поддршка на Тајван, јави „Ројтерс“.

„Ние сме загрижени дека Кина ќе го прошири својот агресивен став и во други области освен Хонгконг. Мислам дека една од следните цели или она што сите ги загрижува е Тајван”, изјави државниот секретар Накајама за „Ројтерс“.

Јапонија ги дели стратешките интереси со Тајван, кој се наоѓа на морските патишта низ кои тече голем дел од јапонската набавка и трговија.