Маричиќ: За во иднина имаме амбициозни планови и чесни намери

Министерот за правда, Бојан Маричиќ

Намалени судски такси, нова методологија, закон за попис и предлог за зголемување на казните за загадувачите, се дел од работите кои денеска ги наведе министерот за правда Бојан Маричиќ, правејќи пресек од првите 100 дена од стапувањето на функција.

„Северна Македонија ќе биде правна држава каде што ќе одговараат сите кои ги прекршиле законите, сега или во иднина. Плановите за иднината ни се амбициозни, намерите ни се јасни и чесни, а посветеноста е максимална“, изјави на денешната прес-конференција министерот Маричиќ.

Тој нагласи дека посебен фокус ќе биде ставен на случаите на висока корупција, организиран криминал и на враќање на изгубената доверба во правосудството.