Европската агенција за лекови за вакцината на Фајзер и БиоНтек

Европска агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе ja разгледа вакцината против коронавирусот на компаниите Фајзер и БиоНтек. Ова беше објавено веднаш откако германскиот министер за здравство Јенс Шпан, изјави дека добил гаранции дека европските регулатори ќе ги одобрат вакцините Вајзер и Бионтек до 23 декември.

САД имаат и втора вакцина, "Модерна" доби одобрување

ЕМА првично предвидуваше дека ќе размисли за одобрување на вакцината на 29 декември, но германските и другите европски претставници изразија нетрпеливост. ЕМА најави дека на најавениот состанок ќе соопшти дали ја одобрува оваа вакцина, бидејќи веќе добила дополнителни информации за тоа.