Министерот Османи во работна посета на Австрија

Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи мини турнејата на поширокиот регион ќе ја заврши денеска со работна посета на Австрија. Османи претходно беше во посета земјите членки на ЕУ од поширокото соседството на Западниот Балкан, Чешката Република, Романија и Унгарија. Како што соопшти МНР, во рамките на посетата, Османи ќе има средба со својот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Република Австрија Александер Шаленберг и со министерката за Европска унија и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер.

Османи - Нема откажување од евроинтеграцијата

Во фокусот на средбите се очекува да се најде европската интеграција на Северна Македонија, а ќе бидат разменети и мислења за севкупните билатерални политички и економско-трговски односи. Во разговорите ќе биде посочено и Претседавањето на нашата земја со ОБСЕ во текот на 2023 година, се наведува во соопштението од МНР. Министрите, како што се посочува, ќе се осврнат и врз внатрешно политичката состојба во Северна Македонија, односите со соседите, регионалната соработка, како и за други актуелни регионални и меѓународни прашања.