Собранието треба да гласа за предлог буџетот за 2021 година

Собраниска седница.

Собранието денеска по пет дена расправа треба да гласа по Дополнетиот предлог буџет за 2021 година.

Власта и опозицијата во текот на досегашната расправа, искажаа спротивставени ставови за Предлог-буџетот за следната година.

Ставот на опозицијата, е дека предложениот Буџет е мегаломански и нереален и нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти.

За власта, пак, буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики, а е фокусиран на поддршка на здравството и на економското заздравување.

Бесими: Во предлог буџетот во фокусот се здравството и економијата

Министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека со проекциите во Буџетот се очекува да се обезбеди одржливост на економските дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, обезбедување стабилност на социјалните трансфери и обезбедување на политики за позитивните трендови на македонската економија.

Вкупните приходи на Буџетот за 2021 се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, додека расходите на 247,5 денари. Проектираниот дефицит е 34,9 милијарди денари.