Швајцарија ја одобри вакцината на "Фајзер" и "Бионтек"

Вакцината развиена од "Фајзер" и "Бионтек"

Државниот регулатор на лекови на Швајцарија денеска одобри широка употреба на вакцината развиена од "Фајзер" и "Бионтек", велејќи дека нејзиното одобрувањето е прво во светот што отвора пат за неитна употреба на вакцината против ковид- 19.

Сите претходни национални одобренија - почнувајќи од првото во светот, на вакцината "Фајзер" и "Бионтек" од властите на Велика Британија на 2 декември, по што следеа САД и други земји - се специјални овластувања за привремена употреба за да се помогне во борбата против вирусот.

Швајцарскиот регулатор наведе дека неговиот „ обемен преглед“ на документи покажал дека вакцината развиена од "Фајзер" и "Бионтек" нуди над 90% заштита седум дена по второто вакцинирање кај различни возрасни групи.

Историски момент: Британија прва во светот ја одобри вакцината на „БиоНТек“ и „Фајзер“

Коронавирусот зарази речиси 76 милиони луѓе и усмрти околу 1,7 милиони луѓе ширум светот.

Русија беше првата земја што одобри вакцина против ковид-19, во август, но тоа го стори пред да завршат големите клинички испитувања, потег за кој многу медицински експерти тврдат дека е опасен и неразумен.

Кина одобри три домашни вакцини за итна употреба.

Од вчера вакцината за коронавирус направена од "Модерна" стана втора што доби одобрение за итна употреба во САД, една недела по одобрувањето за вакцината од "Фајзер" и "Бионтек".

Инаку кабинетот на словачкиот премиер Игор Матовиќ денеска соопшти дека тој е позитивен на коронавирус, една недела откако присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел, за кој се сметаше дека бил извор на изложеност на ковод 19 на францускиот претседател Емануел Макрон кој е позитивен на вирусот.