Контроли во 257 угостителски објекти за рестриктивните мерки

Илустрација - Граѓани со заштитни маски за лице во Скопје

Скопската полиција, вчера, за време на забраната за работење на угостителските објекти по 18 часот, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршила контроли во 257 угостителски објекти, информира МВР.

При контролите било констатирано непочитување на работното време во локал на подрачјето на Петровец, кој потоа бил затворен, а сопственикот е приведен.

Денеска почнуваат новите рестриктивни мерки

Од вчера стапија на сила новите рестриктивни мерки кои ќе важат до 20 јануари. Со нив, меѓу другото, се ограничи работењето на угостителските објекти до 18 часот, наместо до 21 часот.

Угостителите поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на ваквата одлука на Владата.