Изречени 704 санкции за неносење маска

Илустрација.

Во изминатие 24 часа на територијата на државата се изречени 704 санкции по однос на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во денешното соопштение МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Носењето заштита на лице е задолжително и на отворен простор и на затворени јавни површини.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред неколку дена на прес-конференција по повод 100 дена Влада рече дека досега се изречени 35.210 санкции за неносење маска.