Продолжува расправата за дополнетиот предлог-буџет

Собраниска седница .

На пленарна седница, која е закажана во 12 часот, пратениците денеска треба да ја продолжат расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2021 година.

Вчера беше трет ден како пратениците расправаа за Предлог-буџетот, а расправата може да трае најмногу пет работни дена, по што треба да се гласа по предлогот.

Ставот на опозицијата, е дека предложениот Буџет е мегаломански и нереален и нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти.

За власта, пак, буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики, а е фокусиран на поддршка на здравството и на економското заздравување.

Бесими: Во предлог буџетот во фокусот се здравството и економијата

Министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека со проекциите во Буџетот се очекува да се обезбеди одржливост на економските дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, обезбедување стабилност на социјалните трансфери и обезбедување на политики за позитивните трендови на македонската економија.

И натаму „очајно“ малку пари против загадувањето