Почината 41 годишна жена од Штип лекувана според протоколите за ковид-19

Илустрација

Извештајот на стручниот надзор на Комисијата на лекарската комора за случајот со 41-годишната беровчанка, Руменка Довичинска, која пред еден месец почина од компликации од ковид-19 на Инфективното одделение, покажа дека таа била лекувана според предвидените протоколи.

Нејзината ќерка на социјалните мрежи реагираше за лекарска негрижа. Според извештајот, на пациентката редовно и била мерена сатурација и запишувана еднаш дневно. Пациентката, како што се наведува, била во лоша здравствена состојба со ниска и променлива сатурација во текот на лекувањето со докажано воспаление на бели дробови и Комисијата смета дека кислородната поддршка не била од примарно значење за исходот.

Од Министерството за здравство соопштија дека комисијатата предлага да се направат одредени технички и организациски промени во работата на болницата во Штип. Не се нотирало време на менување на кислородни боци и период кога се алармира за промена на боците од другиот медицински персонал и сугерирано е дека е потребно да се воспостави подобра телефонска комуникација, потешките пациенти да бидат сконцентрирани во неколку простории блиску до персоналот за да бидат под постојан надзор.

Од Министерството за здравство посочуваат дека се разгледува извештајот и препораките наведени во него, по што како што велат ќе известат за следните чекори.