Шпиони и Дедо Мраз

БУГАРИЈА - Бугарските власти му дадоа 72 часа рок на руски дипломат да ја напушти земјата, обвинувајќи го за шпионажа. Тоа е шести случај руски дипломат или службеник во руската амбасада во Софија да биде протеран поради сомневање за шпионажа од октомври 2019 година.

СРБИЈА - Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар изјави денеска дека првите дози на вакцината Фајзер во Србија ќе пристигнат во понеделник или вторник.

МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство Венко Филипче изјави денеска дека неделните пресеци укажуваат на тоа дека Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува. Но, според него, внимателни се затоа што се можни изненадувања.

БЕЛГИЈА - Портпаролката за проширување во ЕК, Ана Писонеро потврди дека се обезбедени дополнителни средства за земјите од Западен Балкан за набавка на вакцини. Според неа, се работи на координација на донацијата на вакцини, што ќе бидат испорачани на земјите од Западен Балкан, пред да пристигнат првите испораки од механизмот Ковакс.

МАКЕДОНИЈА - Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе интерпелацијата за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, поради 2 причини: Одбил да дојде на Комисија за надворешни работи каде се расправало за односот со Бугарија и што манипулирал со јавноста дека до кјрајот на 2020 ќе почнат преговорите со ЕУ.

ШВАЈЦАРИЈА - Светската здравствена организација (СЗО) упати апел за Божиќ да се остане дома. Директорот на регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека, како што рече, не вреди да се ризикува да се фати или шири коронавирусот.

АЛБАНИЈА - Албанската влада, на предлог на Националниот совет за труд, што го сочинуваат седум министри, донесе одлука со која од јануари се зголемува висината на минималната плата за 15,4 отсто. Минималната основна плата на државно ниво ќе изнесува 245 евра (30.000 леки), што е зголемување за 15,4 отсто или 32 евра од сегашните 213 евра (26.000 леки), колку што изнесуваше со одлуката од декември 2018 година.

U.S . -- Jill Biden moves her husband, Democratic presidential candidate former Vice President Joe Biden, back from members of the media as he speaks outside his campaign plane in New Castle, Del., on Oct. 5, 2020.