Вицепремиерот Љупчо Николовски позитивен на ковид-19

Љупчо Николовски

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски соопшти дека е позитивен на ковид-19.

„Поради лесни симптоми направив ковид-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме“, напиша Николовски на Фејсбук.